Општи одредби на агенцијата

 

  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ 

Оваа интернет страница (www.traveltoday.mk) е во сопственост на СИМПОЗИОН ДООЕЛ Скопје и подружницата ТА ТРАВЕЛ ТУДЕЈ и е наменета за пребарување и купување на производи и услуги, која може да ја користат сите правни и физички лица над 18 години. 

Со посетата на оваа интернет страница се согласувате и сте обврзани да ги почитувате овие Услови за користење па затоа пред да ја користите нашата интернет страница ве молиме внимателно да ги прочитате.

СИМПОЗИОН ДООЕЛ Скопје и подружницата ТА ТРАВЕЛ ТУДЕЈ Скопје не презема никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал овие услови за користење и не ги применува истите.

Доколку не се согласувате со било кој дел од услови за користење ве молиме веднаш да ја напуштите оваа интернет страница и да прекинете да ги користите услугите кои се нудат. 

Овие услови за користење може да се променат во било кое време, без претходно известување. 

Во овие услови за користење, под терминот „корисник“ на оваа интернет страница се сметаат посетителот и купувачот, а кои ги имаат следните значења:  

(I) Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на интернет страницата www.traveltoday.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги. 

(II) Купувач е физичко лице над 18 години или правно лице кое преку интернет страницата нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на СИМПОЗИОН ДООЕЛ Скопје и подружницата ТА ТРАВЕЛ ТУДЕЈ на интернет страницата www.traveltoday.mk . 

За корисникот кој стапува во деловен однос со СИМПОЗИОН ДООЕЛ Скопје и подружницата ТА ТРАВЕЛ ТУДЕЈ се применуваат овие услови за користење, како и позитивните законски прописи во Република Северна Македонија. 

  1. ПОНУДИ, ЦЕНИ И ПЛАЌАЊЕ

Сите понуди и цени достапни на интернет страницата може да се променат во било кое време, без претходно известување.

СИМПОЗИОН ДООЕЛ Скопје и подружницата ТА ТРАВЕЛ ТУДЕЈ Скопје го задржува правото да ги менува понудите и цените и за промотивни цели за неодреден период, без претходно известување. 

Рокот за плаќање е веднаш при пласирање на нарачката. 

Нарачката нема да се смета за извршена доколку не е извршена трансакцијата за плаќање. 

Трансакциите за плаќање се процесираат преку платежен процесинг систем на овластена банка. 

За сигурноста на направените трансакции за плаќање гарантира овластената банка. 

СИМПОЗИОН ДООЕЛ Скопје и подружницата ТА ТРАВЕЛ ТУДЕЈ нема било каква одговорност за штета која може да му биде нанесена на корисникот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на електронска платежна картичка, односно доколку плаќањето е извршено без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена, и СИМПОЗИОН ДООЕЛ Скопје и подружницата ТА ТРАВЕЛ ТУДЕЈ нема обврска да изврши враќање на уплатените средства. 

  1. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ 

Овие услови за користење ќе се раководат и толкуваат во согласност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија. 

Секој спор или барање кое може да произлезе од или во врска со услови за користење или во врска со нивното спроведување, страните ќе се обидат да го решат спогодбено. Во спротивно, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.