MICE

 

Што значи кратенката MICE?


– Кратенката се однесува на:
● M (Meetings)– деловни состаноци, деловни патувања, семинари, годишни
собранија- организација на програми за истите со планирање на деловни
активности и интересни активности за слободното време.
● I (Incentive)– стимулативни патувања – тематски програми, со цел да се
мотивираат вработените, партнерите, клиентите, дистрибутерите итн. како
на пример TEAM BUILDING викенди или тренинзи и обуки.
● C (Conferences)– организација или учество на домашни, локални,
меѓународни и други конференции, конгреси, симпозиуми.
● E (Exibitions)– настани за промоција на компании – саеми. Понекогаш е
толкувано како организација на настани – events.
Како организатор на Вашиот настан/патување,  нашиот тим ја презема одговорната
задача на организатор и координатор овозможувајќи ви комплетна услуга.
Внимателно го планираме настанот на единствен и креативен начин, кој
соодветствува со вашите желби, потреби и го отсликува вашиот бренд или
институција.

Услуги:
● Презентација.
● Истражување на одбраните дестинации и места за одржување на настанот.
● Препораки при одбирањето на дестинацијата.
● Дизајн на печатен и рекламен материјал.
● Реклама на социјални мрежи и он-лајн медиуми.
● Резервација на хотелско сместување и други конгресни простори.
● Организација на превоз
● Организација и координација на настанот.
● Регистрација на посетители и општи информации.
● Организација и креирање на програма.
● Пред и пост конгресни излети.
● 24-часовно присуство на наш координатор.


Досега реализирани конференции со програма, и кои можеме да ви дадеме
препорака се: Белград, Нови Сад, Суботица, Сокобања, Фрушке терме и Атина.