Политика на приватност

                                                             Политика за приватност

 
 
 

    Ние во traveltoday.mk освен за изборот на производите/услугите кои ги нудиме, сме целосно посветени и се грижиме за Вашето право да бидете информирани во однос на обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и ги користите нашите услуги како и за Вашето право на заштита на лични податоци. 

Ве информираме дека traveltoday.mk ги презема сите расположливи технички и организациски мерки, сè со цел да обезбедиме заштита на личните податоци кои Вие ги споделувате доброволно со нас. 

Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност и целосно да се запознаете со содржината на истата пред да ја дадете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци. 

За цел полесно дефинирање на поимите во оваа политика за приватност ќе се водиме според тоа како истите се дефинирани и во самиот Законот за заштита на лични податоци. 

  1. ДЕФИНИЦИИ

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;

„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;

„Ограничување на обработката на личните податоци“ е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина;

„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување;

„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот;

„Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка;

„Трето лице“ е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект на лични податоци, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците;

„Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;

„Директен маркетинг“ е секој вид на комуникација остварена на било кој начин според најновите технолошки достигнувања, а со цел испраќање на рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина која е насочена директно до одреден субјект на личните податоци, како и обработка на лични податоци која вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со овој вид на комуникација;

  1. ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНТРОЛОРОТ И ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 

Контролор на личните податоци е:

СИМПОЗИОН ДООЕЛ

Ул.Франклин Рузвелт бр.54/1-16,

1000, Скопје

подружница ТА ТРАВЕЛ ТУДЕЈ
ул. Народен Фронт  бр.19а, ТЦ Беверли Хилс, вискоко приземје локал 1,
1000 Скопје

Офицер за заштита на лични податоци е:

Сашо Божиновски 

Тел: 075 618 622
E-mail: info@traveltoday.mk
Веб-страница: www.traveltoday.mk

  1. ОСНОВ И ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКА И КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ 

Вашата согласност е основ за обработка на Вашите лични податоци кои ги споделувате со traveltoday.mk, односно Вие ни давате согласност за обработка на Вашите лични податоци во делот: Претплати се, Контакт, претплата на е-билтен и на останатите делови на веб-страницата, а со цел процесирање на извршени нарачки, маркетинг активности доколку истото е одобрено од страна на корисникот, техничка оптимизација и мониторирање на веб-страницата, како и да одговориме на поставените прашања во делот за контакт. 

Освен Вашата согласност за обработка на личните податоци, кога станува збор за враќање или замена на производи, основ за обработка на Вашите лични податоци е и обврската која ја имаме согласно закон. 

traveltoday.mk ги собира следните категории на лични податоци: 

Во делот Претплати се, се собираат следниве податоци:  

  • Име и презиме
  • Адреса 
  • Телефонски број
  • E-mail
  • Други доброволни информации оставени од корисници кои може да имплицираат личен податок
  • IP адреси
  • Технички податоци при секоја посета како оперативен систем, browser, локација според интернет провајдер, уред

Вашите податоци се споделуваат со трети страни/екстензии како Google, MailChimp, Facebook и соодветно на тоа подлежат на политиките за приватност на самите провајдери:

  1. КУПУВАЊЕ НА ВРЕДНОСЕН ВАУЧЕР

Traveltoday.mk нуди различни видови на вредносни ваучери, кои може да ги подарите на други лица. 

За оваа услуга корисникот со traveltoday.mk ги споделува следниве лични податоци: 

Име и презиме на купувачот на вредносниот ваучер, e-mail адреса на купувачот на ваучерот.

Покрај овие податоци корисникот на услугата потребно е да  сподели со traveltoday.mk и податоци и за лицето за кое е наменет вредносниот ваучер. 

Име и презиме, e-mail, телефонски број и адреса за лицето за кое е наменет вредносниот ваучер на кого корисникот сака да го подари истиот како и други доброволно дадени податоци од страна на нарачателот. 

Податоците на лицето за кое е наменет вредносниот ваучер ќе бидат обработувани само за да се реализира нарачката на вредносниот ваучер и нема да бидат користени за други активности без согласност на лицето за кое е наменет вредносниот ваучер. 

  1. РОК ЗА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 

Вашите податоците се зачувуваат на сервер кој има firewall, SSL енкрипција и регуларно се скенира за malware и се задржуваат сè до исполнување на целта за која што се дадени.

Односно сè дури корисникот не достави барање за бришење на податоците или истите не се во согласност со законските одредени рокови за чување на даден тип на податоци предвидени според интерните политики за чување на лични податоци на Симпозион ДООЕЛ и подружницата ТА Травел Тудеј.

  1. 6. КОЛАЧИЊА 

Веб-страницата www.traveltoday.mk користи колачиња.

„Колаче“ е датотека што содржи идентификатор што се испраќа од веб -сервер до веб -прелистувач и се чува од прелистувачот. Идентификаторот потоа се испраќа назад до серверот секој пат кога прелистувачот ја  бара страница од серверот.

Колачињата може да бидат „постојани“ колачиња или колачиња за сесија: постојани колачиња кои ќе се чуваат од страна на веб-прелистувач и ќе останат валидни до поставениот датум на истекување, освен ако корисникот не ги избрише пред датумот на истекување; колаче за сесија, од друга страна, ќе истече на крајот на корисничката сесија, кога веб-прелистувачот е затворен.

Колачињата може да не содржат информации што лично го идентификуваат корисникот, но личните податоци што ги чуваме за Вас може да бидат поврзани со информациите зачувани и добиени од колачиња. 

Во однос на колачињата кои traveltoday.mk ги користи повеќе може да прочитате во Политика за колачиња на traveltoday.mk. 

  1. 7. ВАШИТЕ ПРАВА КАКО СУБЈЕКТ НА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Како субјект на заштита на лични податоци Вие имате право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци, право на пристап до Вашите личните податоци, право на исправка на Вашите личните податоци, право бришење на Вашите личните податоци,  право на ограничување на обработката на Вашите личните податоци, право на приговор во однос на обработката на Вашите лични податоци, како и право на повлекување на согласноста дадена на traveltoday.mk за обработка на Вашите лични податоци. 

Во однос на остварување на Вашите права може во секое време да не контактирате преку нашиот Офицер за заштита на лични податоци, како и преку e-mail адресата или контакт формата на traveltoday.mk.  

  1. 8. ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 

Доколку сметате дека traveltoday.mk на било кој начин не ги обработува вашите лични податоци согласно одредбите предвидени во Законот за заштита на лични податоци имате право да се обратите до: 

Агенција за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
www.dzlp.mk
info@privacy.mk

  1. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА traveltoday.mk

Политиката за приватност на traveltoday.mk може да се менува и дополнува соодветно на потребите кои ќе се појават од активностите и услугите кои се нудат. 

Последна промена на: 22.07.2022 година