ПРАГА 06 – 09 МАРТ 2026

ПРАГА 06 – 09 МАРТ 2026

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања

06. март (четврток)    СКОПЈЕ – ПРАГА  
Состанок на групата на аеродромот во 10:30 часот рано наутро. Полетување за Прага во 14:20 ч. Пристигнување во 16:35 часот. Трансфер и сместување во хотел. Вечерта разглед на Прага со локален лиценциран водич. Ноќевање.

07. март (петок)    ПРАГА (панорамски разглед)
Појадок.
 Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич (јавен превоз): Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник – Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица…Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

08. март (сабота) КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. 
Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари – најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12-те извори… прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите локални производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Вечерта слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

09. март (недела) ПРАГА – СКОПЈЕ
Појадок. 
Одјавување од собите. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа голем шопинг центар Nový Smíchov. Трансфер со јавен превоз до аеродромот во Прага во 13:00ч. Лет за Скопје во 17:10 ч. Пристигнување во 19:10 часот.

Основен пакетПремиум пакет
Цена на аранжманот до 15 фебруари: 350 € / 21.700мкдЦена на аранжманот до 15 фебруари: 400 € / 24.800мкд
Цена на аранжманот: 429€ / 26.598 мкд Цена на аранжманот: 429€ / 26.598 мкд 
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз со Wizz air на релација: Скопје – Прага – Скопје
– Кабинска торба 40*30*20см до 10кг.
– Аеродромски такси
– Трансфери со јавен превоз во Прага: аеродром – хотел – аеродром – Билет за 72 часа користење на јавен превоз во Прага
– Сместување во хотел 4****  на 3км од Астрономскиот часовник, на база 3 ноќевања со појадок 
– 2 Организирани пешачки разглед на Прага – Аудио опрема за време на разгледите
– Организација и реализација, придружник на патувањето  
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз со Wizz air на релација: Скопје – Прага – Скопје
– Кабинска торба 40*30*20см до 10кг.
– Аеродромски такси
– Трансфери со јавен превоз во Прага: аеродром – хотел – аеродром – Билет за 72 часа користење на јавен превоз во Прага
– Сместување во хотел 4****  на 3км од Астрономскиот часовник, на база 3 ноќевања со појадок 
– 2 Организирани пешачки разглед на Прага – Крстарење по В’лтава – Традиционална вечера со фолклорна изведба – Аудио опрема за време на разгледите
– Организација и реализација, придружник на патувањето  


Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса во хотел 2,2€ по лице од ноќ
– Доплата за 1/1 соба 60€
– Факултативни излети и посети
– Влезници за музеите и културно – историските споменици 

 НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 14 патници. 
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 10 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА Травел Тудеј.