Тим билдинг
Симпозион & Travel Today — Професионална организација на тим-билдинг програми, едукативни патувања и корпоративни програми
Една од главните области на Симпозион е професионалната организација и реализација на тим билдинг програми, корпоративни настани, едукативни патувања и специјализирани тимски работилници, внимателно приспособени на потребите, профилот и целите на секој колектив од јавниот, приватниот и невладиниот сектор.
Симпозион и туристичката агенција Travel Today (со А-лиценца) располагаат со целосно воспоставен организациски и логистички систем за подготовка и реализација на тим-билдинг програми, конципирани како еднодневни активности, викенд настани или повеќедневни патувања.
Пристапот секогаш се темели на индивидуална адаптација на програмата, високи стандарди во остварувањето на поставените цели, внимателен избор на соработници, и квалитетна комуникација и координација со конечна цел — создавање инспиративна и продуктивна атмосфера со јасни позитивни резултати во натамошното тимско функционирање: подобрена комуникација, поголема доверба, посилна тимска поврзаност и повишени перформанси.
Програмата за Вашиот тим ја разработуваме специјално за Вас — со внимателно одбрани содржини, динамика и методологија на работа. Нашите капацитети целосно ги покриваат сите сегменти во реализацијата на корпоративни и институционални настани — во земјата и во странство:
- концептуално осмислување на содржините, локациите и составот на групите
- комплетна туристичка и патна организација
- сместување, логистика и координација на терен
- сеопфатен транспорт и локални трансфери
- тематски екскурзии, културни и рекреативни содржини
- интерактивни тимски активности и outdoor програми
- професионални туристички водичи и пратители
- организација на работилници, предавања и специјализирани обуки
- ангажман на соодветни експерти, психолози, обучувачи и стручни лица со богато искуство од различни релевантни области
- програми за комуникација, лидерство, управување со конфликти, мотивација и организациска култура
- специјално адаптирани содржини според областа, карактерот и структурата на Вашите организациски задачи и тимски состави
- полна организациска поддршка во текот на целиот настан
Тим билдинг програмите ги реализираме како искуства што ги поврзуваат во синергија професионалниот развој, тимската динамика, неформалната комуникација, културното доживување и заедничкото учење преку искуство. Во зависност од потребите на колективот, програмите вклучуваат:
- интерактивни работилници и тематски сесии
- активности за развој на комуникација, доверба и тимска соработка
- рекреативни и спортски активности
- психолошки и мотивациски сесии
- специјализирани обуки со експерти од соодветната област
- современи модели на учење преку контакт и искуство
- културни и едукативни посети
- внимателно осмислени вечерни дружења и неформални активности
Особено внимание посветуваме на внимателниот избор на локации, сместувачки капацитети, ресторани, туристички водичи и локални соработници. Нашата широко изградена и сигурна мрежа на професионални контакти и партнери во земјата и странство ни дава можност постојано да задржиме високи критериуми. Во декадата постоење на Симпозион, имаме успешно реализирано низа тим-билдинг програми за повеќе компании, институции и организации.
Симпозион се однесува со особено внимание кон секој нов соработник — ќе ни биде чест и задоволство да подготвиме концепт и програма за Вашиот тим. Доколку Вашата компанија, институција или организација ја препознава реалната потреба од професионално организиран тим билдинг, едукативно патување, корпоративен настан или специјализирана адаптирана програма — ја знаете вистинската адреса.
Со почит и цврста увереност во можностите за заеднички раст и развој,
Симпозион 📞 +389 78 27 15 76 Внимателно одбрано знаење 📧 info@simpozion.mk
Tavel Today 📞 +389 76 30 62 62 Посветени на искуства и задоволства 📧 info@traveltoday.mk
Следете ги нашите социјални страници (Facebook, Instagram и LinkedIn) и контактирајте директно со нас за сите професионални прашања и потреби.


Шпанија 2026
-
Alegria Sun Village 4*
May 19, 2026 Spain -
Alegria El Mar 4 Superior
May 19, 2026 Spain -
Alegria Maripins 4*
May 19, 2026 Spain -
Alegria Mariner 4*
May 18, 2026 Spain -
ПРАГА 06 – 09 МАРТ 2026
January 8, 2026 Adventure -
Предновогодишна AFTERWORK забава
November 30, 2022 Uncategorized