ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања
06. март (четврток) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на аеродромот во 10:30 часот рано наутро. Полетување за Прага во 14:20 ч. Пристигнување во 16:35 часот. Трансфер и сместување во хотел. Вечерта разглед на Прага со локален лиценциран водич. Ноќевање.
07. март (петок) ПРАГА (панорамски разглед)
Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич (јавен превоз): Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник – Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица…Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
08. март (сабота) КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари – најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12-те извори… прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите локални производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Вечерта слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
09. март (недела) ПРАГА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од собите. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа голем шопинг центар Nový Smíchov. Трансфер со јавен превоз до аеродромот во Прага во 13:00ч. Лет за Скопје во 17:10 ч. Пристигнување во 19:10 часот.
| Основен пакет | Премиум пакет |
| Цена на аранжманот до 15 фебруари: 350 € / 21.700мкд | Цена на аранжманот до 15 фебруари: 400 € / 24.800мкд |
| Цена на аранжманот: 429€ / 26.598 мкд | Цена на аранжманот: 429€ / 26.598 мкд |
| Во цената на аранжманот е вклучено: – Авионски превоз со Wizz air на релација: Скопје – Прага – Скопје – Кабинска торба 40*30*20см до 10кг. – Аеродромски такси – Трансфери со јавен превоз во Прага: аеродром – хотел – аеродром – Билет за 72 часа користење на јавен превоз во Прага – Сместување во хотел 4**** на 3км од Астрономскиот часовник, на база 3 ноќевања со појадок – 2 Организирани пешачки разглед на Прага – Аудио опрема за време на разгледите – Организација и реализација, придружник на патувањето | Во цената на аранжманот е вклучено: – Авионски превоз со Wizz air на релација: Скопје – Прага – Скопје – Кабинска торба 40*30*20см до 10кг. – Аеродромски такси – Трансфери со јавен превоз во Прага: аеродром – хотел – аеродром – Билет за 72 часа користење на јавен превоз во Прага – Сместување во хотел 4**** на 3км од Астрономскиот часовник, на база 3 ноќевања со појадок – 2 Организирани пешачки разглед на Прага – Крстарење по В’лтава – Традиционална вечера со фолклорна изведба – Аудио опрема за време на разгледите – Организација и реализација, придружник на патувањето |
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса во хотел 2,2€ по лице од ноќ
– Доплата за 1/1 соба 60€
– Факултативни излети и посети
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 14 патници.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 10 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА Травел Тудеј.