Team Building

Тим билдинг

Симпозион & Travel Today — Професионална организација на тим-билдинг програми, едукативни патувања и корпоративни програми 

Една од главните области на Симпозион е професионалната организација и реализација на тим билдинг програмикорпоративни настаниедукативни патувања и специјализирани тимски работилници, внимателно приспособени на потребите, профилот и целите на секој колектив од јавниот, приватниот и невладиниот сектор.

Симпозион и туристичката агенција Travel Today (со А-лиценца) располагаат со целосно воспоставен организациски и логистички систем за подготовка и реализација на тим-билдинг програми, конципирани како еднодневни активностивикенд настани или повеќедневни патувања.

Пристапот секогаш се темели на индивидуална адаптација на програмата, високи стандарди во остварувањето на поставените цели, внимателен избор на соработници, и квалитетна комуникација и координација со конечна цел — создавање инспиративна и продуктивна атмосфера со јасни позитивни резултати во натамошното тимско функционирање: подобрена комуникација, поголема доверба, посилна тимска поврзаност и повишени перформанси.

Програмата за Вашиот тим ја разработуваме специјално за Вас — со внимателно одбрани содржини, динамика и методологија на работа. Нашите капацитети целосно ги покриваат сите сегменти во реализацијата на корпоративни и институционални настани — во земјата и во странство:

  • концептуално осмислување на содржините, локациите и составот на групите
  • комплетна туристичка и патна организација
  • сместување, логистика и координација на терен
  • сеопфатен транспорт и локални трансфери
  • тематски екскурзии, културни и рекреативни содржини
  • интерактивни тимски активности и outdoor програми
  • професионални туристички водичи и пратители
  • организација на работилници, предавања и специјализирани обуки
  • ангажман на соодветни експерти, психолози, обучувачи и стручни лица со богато искуство од различни релевантни области
  • програми за комуникација, лидерство, управување со конфликти, мотивација и организациска култура
  • специјално адаптирани содржини според областа, карактерот и структурата на Вашите организациски задачи и тимски состави
  • полна организациска поддршка во текот на целиот настан

Тим билдинг програмите ги реализираме како искуства што ги поврзуваат во синергија професионалниот развојтимската динамиканеформалната комуникацијакултурното доживување и заедничкото учење преку искуство. Во зависност од потребите на колективот, програмите вклучуваат:

  • интерактивни работилници и тематски сесии
  • активности за развој на комуникацијадоверба и тимска соработка
  • рекреативни и спортски активности
  • психолошки и мотивациски сесии
  • специјализирани обуки со експерти од соодветната област
  • современи модели на учење преку контакт и искуство
  • културни и едукативни посети
  • внимателно осмислени вечерни дружења и неформални активности

Особено внимание посветуваме на внимателниот избор на локации, сместувачки капацитети, ресторани, туристички водичи и локални соработници. Нашата широко изградена и сигурна мрежа на професионални контакти и партнери во земјата и странство ни дава можност постојано да задржиме високи критериуми. Во декадата постоење на Симпозион, имаме успешно реализирано низа тим-билдинг програми за повеќе компанииинституции и организации.

Симпозион се однесува со особено внимание кон секој нов соработник — ќе ни биде чест и задоволство да подготвиме концепт и програма за Вашиот тим. Доколку Вашата компанија, институција или организација ја препознава реалната потреба од професионално организиран тим билдинг, едукативно патување, корпоративен настан или специјализирана адаптирана програма — ја знаете вистинската адреса.

Со почит и цврста увереност во можностите за заеднички раст и развој,

Симпозион   📞 +389 78 27 15 76   Внимателно одбрано знаење   📧 info@simpozion.mk
Tavel Today   📞 +389 76 30 62 62   Посветени на искуства и задоволства   📧 info@traveltoday.mk

Следете ги нашите социјални страници (FacebookInstagram и LinkedIn) и контактирајте директно со нас за сите професионални прашања и потреби.